Моторни пили

Во Palmashop Прилеп ќе најдеш оригинални STIHL моторни пили (motorna pila) за дрва за огрев, кастрење и професионална сеча. Сите модели се нови, со фабричка гаранција, а нашите продавачи ќе ти помогнат да избереш според тоа колку често и колку дебели дрвја сечеш.

Прикажувам 1–16 од 20 резултати

Која моторна пила да ја изберам?

• Повремено, дрва за огрев и мали работи: компактни модели како MS 162 и MS 182.
• Почесто, имот и фарма: модели од класата MS 250 и MS 260.
• Дебели стебла и многу работа: помоќни модели како MS 361 и MS 462.
• Не си сигурен? Прати ни порака со што сечеш и ќе ти препорачаме модел.

Имате прашање?

Што ти треба заедно со пилата

Ланец и меч, масло за ланец и мешавина за мотор. Погледни ги нашите совети за затегнување и острење на ланецот.

Најпоставувани прашања за STIHL моторните пили

Која STIHL моторна пила е најдобра за дрва за огрев?

За повремена употреба доволна е компактна пила со меч од околу 30–35 cm, како MS 162 или MS 182. Ако сечеш секоја сезона или дебели трупци, избери помоќен модел.

Колку чини STIHL моторна пила?

Цените во нашата понуда се од 10.780 ден за MS 162 до 112.950 ден за професионалната MS 881.

Дали пилите се оригинални и со гаранција?

Да, сите се оригинални STIHL. Гаранцијата е 2 години, а кај избрани модели 2+3 години. Погледни на страницата на производот.

Која должина на меч ми треба?

Околу 30–35 cm е вообичаено за домаќинство. Подолг меч е за подебели стебла, но бара помоќна пила.

Која мешавина и масло да користам?

Моторот работи на мешавина за двотактни мотори, а ланецот бара посебно масло за ланец. Види го нашиот совет за мешавина за моторна пила.

Можам ли да купам на рати или да ми се испрати?

Во соработка со IuteCredit нуди опција за купување на производи на 6 рати со 0% камата во вредност до 40,000 денари. Исто така вршиме достава низ цела Македонија.

За повеќе информации +389 70 353 669.