Ваш доверлив партнер, 30 години традиција

Палмашоп е фамилијарен бизнис кој успешно функционира веќе 30 години на пазарот. Со гордост ги истакнуваме нашите две продажни локации во Прилеп и повеќе од 90,000 задоволни клиенти.

Нашите услуги и производи

Во Палмашоп нудиме широк спектар на услуги и производи, вклучувајќи:

  • Продажба на моторни возила и велосипеди: кај нас можете да најдете разни модели на веспи и моторцикли од различна кубикажа, како и различни модели на велосипеди.
  • Авто сервис и лимарија: нашиот сервисен центар е опремен со најсовремена комора за фарбање возила, каде нудиме:
    • Автолимарски сервиси
    • Замена на филтри
    • Монтирање и балансирање пневматици
    • Замена на масло
    • Промена на ламела
    • Замена на дискови и плочки за кочење
    • Промена на автостакла
    • Редовни и големи сервиси
    • Соработка со сите осигурителни компании
  • Резервни делови и механика: обезбедуваме најквалитетни масла и друг потрошен материјал за одржување на вашите возила. 

Единствен овластен дилер и сервисер на Hamachi и STIHL®

Палмашоп е единствениот овластен продавач и сервисер на производите на Hamachi и STIHL® во Прилеп. STIHL® е врвен избор за професионална и домашна градинарска опрема со 98 години историја на пазарот, и ние сме горди што ги нудиме овие врвни производи на нашите клиенти.